По вчерашниот пораз од Албанија (1:0), Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, па репрезентацијата на натпреварот против Андора ќе ја води Зоран Бата Мирковиќ, актуелниот селектор на младинска репрезентација до 21 година. Ова е привремено решение додека не се назначи нов селектор.
Вељко Пауновиќ, кој неодамна беше отпуштен од Овиедо, се споменува како главен кандидат. Андора и Србија играат во вторник во 20:45 часот.
Србија моментално е трета во Групата К со седум бода од пет натпревари. Албанија има 11 бода од шест натпревари, додека Англија е на првото место со 15 бода.

