Фудбалската репрезентација на Србија вчера загуби на теренот на Унгарија со 2:1 иако беше доминантна во поголемиот дел од мечот.
Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во една акција два пати ја погодија стативата на стадионот во Будимпешта, промашија неколку добри шанси а во два наврата им беше поништен гол.
„Факт е дека бевме подобар ривал. По многу параметри оставивме подобар впечаток од домаќинот. Сега со Црна Гора ни претстои најважниот натпревар во квалификациите “ – вели Стојковиќ.