Селекторот на фудбалерите на Србија, Младен Крстајиќ, по вчерашниот пораз од Бразил (2-0) и елиминацијата од Мундијалот во Русија, вели дека „кариоките“ ги казниле сите грешки и промашувања на неговата селекција.
„Моите играчи покажаа одлична дисциплина и направија неколку шанси за гол.Бразил покажа дека е силна селекција.Милсам дека сите три меча ги одигравме на завидно ниво“ – вели Крстајиќ.
„Во одредени моменти навистина бевме подобри од противниците, но, таков е фудбалот. Натпреварот со Швајцарија не врати два чекора назад и не успеавме да се оправиме“ – заврши селекторот на нашиот северен сосед.