Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Србљак заврши во Загреб поради повреда
    Тенис

    Србљак заврши во Загреб поради повреда

    risteBy riste25/06/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин  резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4:1 во гемови за противникот.

    Србљак го доби првиот сет со 6.4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2:0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4:2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2:1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4:2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во четвртиот гем Маштаков направи брејк и поведе со 3:1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин мечот траеше 2 часа и 45 минути.

    Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.