Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски заедно со своитре тренери Дарко и Борче Костовски денес се вратија од Токио каде нашиот олимпиец освои сребрен медал во теквондо.
На Аеродромот во Скопје тој беше пречекан од неговите колеги од ТК Бутел, но и неколку стотина љубители на спортот. Веднаш про пристигнувањето, Георгиевски со панорамски автобус се упати кон центарот на Скопје на прием во Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).
Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), го прими македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски. Македонија го доби првиот медал на едни Олимписки игри по 20 години, а Мојсовски истакна дека успехот на Дејан е огромен и сите се горди.