Мартинез Мунуера е судијата кој е делегиран да го суди реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“ во среда. По првиот натпревар Каталонците имаат предност од еден гол.
Судијата од Валенсија има 13 натпревари оваа сезона, вклучувајќи две средби на кои му судеше на Реал Мадрид и еден на Барселона.
Покрај тоа, Мартинез Мунуера го судеше и претпоследното „Ел Класико“ во Ла Лига минатата сезона на „Бернабеу“, кое избраниците на Чави го добија со убедливи 4-0.