Дефанзивецот на Шахтјор Донецк, Дарио Срна, може да се пресели во ПАОК. Договорот помеѓу 36-годишниот фудбалер и клубот од Украина истекува во текот на летото што значи дека одличниот играч може да го засили грчкиот тим како слободен агент.
Хрватскиот репрезентативец на 22 август ќе ја одлежи казната од 17 месеци поради позитивните допинг тестови.
Дарио за 15 сезони поминати во Украина освои 25 трофеи (9 титули во првенството, 7 од Купот, 8 од Суперкупот на Украина и еден пехар од Куп на УЕФА).