Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ќе биде новото засилување за Челзи на крајот на овој летен трансфер период. Според информациите на српските медиуми, реализацијата на трансферот е пред крај.
„Сините“ постигнале устен договор за трансфер на 23-годишниот голман од екипата на Њу Ингланд Револушн во МЛС лигата. Сумата на трансферот би требала да биде околу 16 милиони евра.
Српскиот фудбалер утре треба да ги мине лекарските прегледи пред да потпише договор. Петровиќ забележа 22 настапи во МЛС во 2023 година, откако во САД дојде до екипата на Чукарички.