Познатиот стадион „Енфилд“ нема да може да биде домаќин на натпревари од Европското фудбалско првенство доколку Велика Британија биде избрана за земја-домаќин на турнирот, пишува „Дејли мејл“.
Според изворот, стадионот „Енфилд“ не ги исполнува условите за домаќин на натпреварите на Европското првенство. Должината на теренот на „Енфилд“ е четири метри помала од потребната големина.
Се очекува доколку биде одобрена заедничката апликација на Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс, тогаш од 16-те стадиони кои ќе бидат доделени за одигрување на турнирот, 10 да бидат во Англија.
Да потсетиме, на 23 март УЕФА објави дека Русија се пријавила за домаќин на Евро 2028 или Евро 2032. За организатори на ЕП 2028 ќе се борат Велика Британија и Ирска, како и Турција.