Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Стадионот „Лужники“ подготвен доколку и треба на УЕФА
    Фудбал

    Стадионот „Лужники“ подготвен доколку и треба на УЕФА

    risteBy riste14/04/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Стадионот „Лужники“ во Москва е подготвен да и помогне на УЕФА и да биде место каде би се играле натпревари од Европското првенство во фудбал во 2021 година, доколку УЕФА има проблеми со некои стадиони.

    На 9 април, британското издание на „Дејли меил“ напиша дека некои од градовите домаќини нема да можат да бидат домаќини на натпревари, бидејќи тие имаат веќе платени други настани на истите датуми. Стадионите во Италија и Шпанија најверојатно нема да бидат готови по пандемијата на коронавирусот, која тешко ги погоди и двете држави.

    УЕФА соопшти дека во моментов преговараат со планираните домаќини, кои требаше да бидат организатори на натпреварите оваа година и се треба да биде јасно до крајот на април. Самите градови исто така мора да одлучат дали можат или не можат да ја преуредат својата програма.

    „Технички, нашиот стадион е подготвен да прифати настан на ниво како што е Европското првенство. „Лужники“ ги има сите потребни капацитети. Да не заборавиме дека стадионот беше користен кога Русија беше домаѓин на Светското првенство во 2018 година. Треба да се подготвиме 100% според барањата за Евро 2021“, се вели во соопштението од канцеларијата за печат на „Лужники“. Капацитетот на овој стадион е 81 000 места, а Русија веќе има еден град домаќин, а тоа е Санкт Петербург, кој ќе биде домаќин на руската репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган

    05/06/2023

    „Сините“ купија голем талент од Парагвај

    05/06/2023

    Абрахам има тешка повреда

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.