Македонската фудбалска репрезентација ќе биде меѓу првите кои ќе има можност да го почувствува новиот стадион на Стеауа Букурешт, каде што ќе се подготвува за натпреварите од ЕП 2021 година. Се работи за супермодерен стадион кој што е во завршна фаза со својата изградба и треба да биде пуштен во употреба во текот на месец април.
Иако нема потврда од ФФМ за оваа вест, сепак информацијата ја открил романската легенда Георге Попеску, кој воедно е координатор на ЕВРО 2021, а тој изјавил дека веќе бил потпишан договор со министерството за спорт и млади на Романија за да се тренира на новиот стадион на Стеауа.
„Македонија потпиша договор за користење на новиот стадион на Стеауа“, изјави Георге Попеску за романски „Телеком спорт“.
Овој стадион се наоѓа во областа Генчеа во Букурешт, а неговата изградба чинеше околу 95 милиони евра. Нашата фудбалска репрезентација ќе одигра два меча во Букурешт против Австрија и Украина, додкеа последниот ќе го одигра со Холандија во Амстердам.

