Фудбалската селекција на Македонија У21 ги продолжува подготовките за претстојниот меч со Молдавија на стадинот во Кишињев. За очекувањата , проговори репрезентативецот, Лука Станковски.
„Со Моладавија мораме да одиграме борбено, офанзивно и сконцентрирано во завршницата. Имаме потенцијал и квалитет за големи достигнувања“ – вели Станковски.
„Мораме да продолжиме да играме добро, мотивирано и да се подобруваме. Се надевам дека на крајот ќе се радуваме и ќе имаме успешни квалификации“ – изјави Станковски за сајтот на ФФМ.