Централниот дефанзивец на младинскиот тим на Палмеирас, Педро Фелипе наскоро ќе стане играч на Јувентус. 19-годишниот фудбалер ќе се пресели на шестмесечна позајмица.
Јувентус ќе има опција да го купи Фелипе за 2 милиони евра. Младиот дефанзивец утре ќе пристигне во Торино за да направи лекарски прегледи.
Договорот на играчот со Палмеирас е активен до крајот на 2026 година.
.