Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има договор до летото во 2027 година, ќе добие продолжување за уште една сезона и речиси трикратно зголемување на платата.
19-годишниот талент се пресели во Торино во март во 2023 година откако го напушти германскиот Баерн Минех. Тој во сезонава има 35 натпревари со ефект од 5 голови и две асистенции.
Иако за Јилдиз беше заинтересиран тимот на Борусија Дортмунд, италијанците ја одбија понудата.