Јувентус го коментираше вчерашниот инцидент со расистички навреди упатени кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, но, не му се извини на Белгиецот за случувањата на стадионот во Торино.
-Фудбалскиот клуб Јувентус, како и секогаш, соработува со полицијата за да ги идентификува одговорните за синоќешните расистички гестови и скандирања. За одговорните ќе се применува – „Codice di Gradimento““, гласеше кратката порака на „бјанконерите“ на Твитер во која не се ни споменува името на играчот.
Во исто време челниците на Серија „А“ преку официјалниот веб-портал, изразија огорченост од расистичкото однесување на дел од навивачите.