Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, може да добие понуда да потпиша за италијанскиот шампион Јувентус.
Интернационалецот од Алжир кој за 70 милиони евра го напушти Лестер и се активираше кај „граѓаните“, не успеа да се наметне за првиот состав на Пеп Гвардиола. 28-годишниот играч во тековнава сезона се појави на 42-ве средби во сите конкуренции, но, на само 11-ет од нив беше во првата постава.
Тој иако има 11 погодоци и 11 асистенции, не успеа да ја стекне довербата на шпанскиот стратег кој главно го користи од клупата за резерви.