Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, објави дека за утрешното дерби со Наполи нема да ги користи играчите од Јужна Америка кои учествуваа во квалификациите за Светското првенство
„Решив да ги оставам Јужно-американците дома. Квадрадо беше единствениот што можеше да игра, но, има гастроентеритис и остана во Колумбија. Нема логика да ризикувам со фудбалерите кои ќе пристигнат на денот на натпреварот“ – вели Алегри.
Натпреварот со Наполи ќе го пропуштат и повредените: Паоло Дибала, Федерико Киеза, Арон Рамзи, Артур и Хорхе.