Јувентус ќе ја засили одбраната со португалскиот десен бек Алберто Бајо, веста ја објавија италијанските медиуми.
21-годишниот фудбалер настапува во Виторија (Гимараеш). Според одредени шпекулации, „бјанконерите“ за него ќе понудат 15 мил. евра.
Португалецот треба да потпише договор на 5 години. Бајо во досегашниот дел од сезоната има еден гол за Виторија.

