Ана Старчевиќ – интернационалката од БИХ во редовите на женскиот одбојкарски состав, Јанта Волеј, пред двомечот со Волеро, вели дека пласманот во третото елиминациско коло во Лигата на шампионите не е случајност.
„Немаме големи очекувања но, секако тоа ќе биде убаво искуство и за нас и за помладите девојки кои се дел од екипата. Сакаме да ја покажеме нашата најдобра игра и ќе се обидеме да бидеме на високо ниво“ – рече Старчевиќ.
„ Се надевам на добар меч и ги поканувам сите љубители на одбојката да се појават во што поголем број и да ја наполната салата за да имаме убава атмосфер и убав натпревар“ – изјави Старчевиќ пред утрешниот меч во СЦ Јане Сандански од 18.00 часот.

