Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Стариџ, доби суспензија за две недели бидејќи ги прекршил правилата за обложување пропишани од страна на Фудбалската Асоцијација на Англија.
Тој ќе треба да плати и парична казна од 75.000 фунти пред да се врати на терените по 31 јули. Напаѓачот е обинет дека во јануари во 2018 година му посочил на неговиот брат да се обложи дека ќе оди во Севилја.
Иако трансферот не се случи бидејќи Ливерпул го испрати на позајмица во ВБА, соодветната комисија утврдила дека Стариџ ги прекршил правилата.