Вечерва стартува и второто по квалитет натпреварување во Европа, Лигата на Европа на УЕФА. Од сите натпревари кои ќе се играат во групната фаза од ова натпреварување, секако за нас ќе бидат најинтересни средбите во кои ќе имаме и наши преставници, а тоа се дуелите на Динамо Загреб и Наполи.
Во Динамо Загреб имаме двајца интернационалци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а во Наполи е Елиф Елмас. Во првото коло кое е на програмата денес , Динамо Загреб го пречекува Вест Хем, додека Еламс и неговиот Наполи гостуваат во Англија кај Лестер Сити.
Еве ги комплетните двојќи за денешните средби кои се играат во терминот од 18.45 часот и од 21.00 часот.
Фудбал , Лига Европа, групна фаза – 1 коло:
Од 18:45 часот:
Група “Е”:
Галатасарај – Лацио
Локомотив Москва – Марсеј
Група „Ф“:
Црвена Ѕвезда – Брага
Мидтјиланд – Лудогорец
Група “Г”:
Бетис – Селтик
Баер Леверкузен – Ференцварош
Група “Х”:
Рапид Виена – Генк
Динамо Загреб – Вест Хем
Од 21:00 часот:
Група “А”:
Брондби – Спарта Прага
Ренџерс – Олимпик Лион
Група “Б”:
Монако – Штурм Грац
ПСВ Ајндховен Реал Сосиедад
Група “Ц”:
Лестер Сити – Наполи
Група “Д”:
Олимпијакос – Антверпен
Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче