Со 8 натпревари кои ќе бидат одиграни вечерва се отвора новата сезона во групната фаза во Лигата на шампионите.
Најсилното клупско натпреварување во Европа уште еднаш го собира фудбалскиот крем на европскиот фудбал. Денес ќе бидеме сведоци на неколку одлични натпревари, а меѓу нив дербито помеѓу Барселона и Баерн (Минхен). Двата тима последен пат се сретнаа во четвртфиналето минатата година и Баварците буквално го збришаа тимот на Барселона предводен од Лионел Меси со 8:2. Сега Меси веќе не е во Барса и тимот на Роналд Куман е сосема поинаков, но желбата за одмазда е присутна. Во другиот натпревар од групата „Е“ Динамо (Киев) се среќава со Бенфика. Ривалите се свесни дека мора да одат на победа за да имаат шанса за едно од првите две места во групата и тоа создава предуслови за спектакуларен натпревар.
Во групата Ф, сите погледи ќе бидат вперени кон Манчестер Јунајтед. Враќањето на Кристијано Роналдо го рангираше овој тим меѓу главните фаворити за освојување на титулата во ЛШ, а Португалецот веќе започна со голови. Вечерва Манчестер Јунајтед е домаќин на Јанг Бојс, против кого оствари две победи во 2018 година. Во другиот натпревар од групата, Виљареал е домаќин на Аталанта. „Жолтата подморница“ го доби правото да учествува во Лигата на шампионите со освојување на Лига Европа и не ги крие своите амбиции да стигне до директните елиминации. Аталанта ќе се стреми кон истото, иако тимот од Бергамо изгледа послаб од минатата сезона.
Групата „Г“ е една од најизедначените, сите четири екипи се способни да победат секого и да се пласираат во елиминациите. Во првите натпревари кои се на програмата вечерва, Севиља е домаќин на РБ Салцбург, додека шампионот на Франција, Лил на домашен терен го пречекува Волфсбург.
Во групата „Х“ , освојувачот на трофејот Челзи ќе се сретне со Зенит во натпревар во кој апсолутен фаворит е екипата на Томас Тухел. Со привлекувањето на Ромелу Лукаку, „сините“ од Лондон додадоа уште поголема класа во својот состав, а Зенит неколку години по ред не успеа да ја прескокне групата и сега тешко дека ќе биде поинаку, со оглед на тоа што треба да се бори со Челзи и Јувентус. „Старата дама“ слабо ја започна сезоната во Серија А, но Масимилијано Алегри знае како да излезе од тешката ситуација. Гостувањето кај Малме е одлична можност за „бјанконерите“ да ја кренат формата, но секако се свесни дека Швеѓаните се незгоден противник и нема да се предадат без борба.
Фудбал, Лига на шампиони, групна фаза – 1 коло:
Вечерва од 21.00 часот.
Група “Е”:
Динамо Киев – Бенфика
Барселона – Баерн Минехен
Група “Ф”:
Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед (18.45)
Виљареал – Аталанта
Група “Г”:
Севиља – РБ Салцбург (18.45)
Лил – Волфсбург
Група “Х”:
Малме – Јувентус
Челзи – Зенит