Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Стартува новата сезона во ЛШ, време е за врвен фудбал !
    Фудбал

    Стартува новата сезона во ЛШ, време е за врвен фудбал !

    risteBy riste06/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лигата на шампионите се враќа на сцена , а во очекување сме за уште поинтересни пресметки и со уште поголем број претенденти за титулата.

    Со осум натпревари денеска се отвора битката во групната фаза, а исто толку ќе се одиграат во среда. Промена на распоредот нема, бидејќи во 18.45 часот ќе има два меча, а останатите во 21 часот.

    Овој пат финалето ќе биде во Истанбул на 10 јуни 2023 година.

    Шампионот Реал Мадрид докажа дека никогаш не треба да биде отпишан, но оваа сезона ќе мора да го брани трофејот во жестока конкуренција. Пари Сен Жермен кој има многу ѕвезди, Манчестер Сити подобрен со Ерлинг Халанд, Барселона која повторно оживува и Ливерпул со докажана класа се меѓу фаворитите за кревање на трофејот.

    Самоуверените италијански шампиони Милан, Интер, секогаш амбициозните Баерн, Тотенхем и Јувентус исто така бараат шанса да импресионираат, а гарантираат интересни дуели.

    Ајнтрахт (Франкфурт), кој минатата сезона триумфираше во Лига Европа, дебитира во групите од Лигата на шампионите. Така, за прв пат во историјата дури пет германски екипи ќе бидат дел од групната фаза. Вреди да се напомене и фактот дека и двата шкотски гиганти – Селтик и Ренџерс – исто така се тука.

    Правилата за пласман понатаму од групите останува иста. 32 екипи се поделени во 8 групи, при што првите две продолжуваат во 1/8-финалето, третата во поредокот се префрла во Лига Европа, а последната е елиминирана и нема да оди на ниту еден од другите турнири.

    Разликата овојпат е што групната фаза ќе заврши брзо – до почетокот на ноември, а тоа е направено поради Светското првенство кое започнува на 20 ноември. Така натпреварите во групи ќе се играат на 6/7 септември, 13/14 септември, 4/5 октомври, 11/12 октомври, 25/26 октомври и 1/2 ноември.

    Веќе на првиот натпреварувачки ден не очекува возбудлив дуел како ПСЖ – Јувентус, а шампионот Реал Мадрид ќе се докаже против борбениот Селтик во Шкотска. Манчестер Сити ќе гостува кај Севиља, а гостување кај непредвидлив противник во лицето на Динамо (Загреб) има и уште еден од водечките англиски тимови – Челзи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.