Вечерва стартува новиот формат на репрезентативно натпреварување под капата на УЕФА – Лигата на Нации. Многумина се уште не се целосно свесни за начинот на одвивање на натпреварувањето, но со текот веројатно полека работите ќе станат кристално јасни.
На местото на досегашните пријатески мечеви, УЕФА направи натпреварување од кое репрезентациите повторно ќе можат да сметаат на пласман на континенталниот собир. Програмата предвидува спектакуларни дуели уште во првиот ден од натпреварувањето. Денеска во рамките на Лигата „А“ во која се репрезентациите со највисок коефициент според листата на УЕФА, ќе гледаме возбудлив дуел на „Алијанц Арената“ во Минхен, каде ќе се сретнат поранешниот и актуелниот светски шампион – Германија – Франција.
Во рамките на т.н. Лига „Б“ денеска ќе има дуели меѓу Чешка и Украина, односно Велс и Р. Ирска, додека од Лигата „Ц“ ќе се играат средбите Норвешка – Кипар и Норвешка – Бугарија.