Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Стартува продажбата на билети за дуелот со Германија, цените од 100 до 500 денари
    Фудбал

    Стартува продажбата на билети за дуелот со Германија, цените од 100 до 500 денари

    sasoBy saso04/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од денеска, 4. октомври започнува со продажба на билети за квалификацискиот натпревар на македонската А репрезентација против Германија кој ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

    Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

    Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостинските навивачи.

    Бројот на љубители на фудбалот кои ќе присуствуваат на Националната арена „Тодор Проески“ за мечот Македонија – Германија е ограничен на 50 проценти од вкупниот капацитет согласно мерките утврдени за заштита од вирусот Ковид-19 и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пехарот од ЛШ замина во Англија

    10/06/2023

    Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба

    10/06/2023

    Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити

    10/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Пехарот од ЛШ замина во Англија
    • Ивановски ќе се бори за пехарот
    • Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба
    • Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, во Битола доаѓа нов кружен напаѓач
    • Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.