Ракометарите на Вардар со победата против Струга со 29:17, го отворија традиционалниот меѓународен турнир кој ќе трае до 19 август на отвореното игралиште -„Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга.
Кај „вардарци“, најпрецизен беше Ален Ќосевски со пет голови додека по четири имаа Срдановиќ и Петриќ .
На 51. издание на една од најстарите ракометни манифестации кај нас, покрај споменатите екипи ќе учествуваат и Алкалоид, грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна и српскиот Динамо Панчево.