Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешани славеа со 3:1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната.
Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево со 3:0, додека мечот меѓу шампионот Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово од претходно беше одложен.
ПРВА ЛИГА МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ, 1. КОЛО
ШТИП УГД – СУШЕВО 3:0 (25:15, 25:14, 25:13)
РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ 1:3 (16:25, 25:20, 15:25, 20:25)
СТРУМИЦА 47&72 – УНИ. ВО ТЕТОВО одложена
ПЛЕЈ-АУТ, 1. КОЛО
ЛИРИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:0 (25:16, 25:14, 25:18)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3:0 (25:17, 25:11, 25:21)
МАКЕДОНИЈА ЏИО – ВЕСНА ПРОБИШТИП одложена
Првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата женска лига понуди интересни дуели, во кои лидерот Наковски Волеј ја продолжи победничката серија со максимална победа над Газели Волеј со 0:3, во дербито од 10. коло кое се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје.
Фит Фан Волеј пријатно изненади на почетокот на втората полусезона одземајќи му бод на Младост УГД (2:3), кој важеше за фаворит во дуелот.
Вардар ЕМ и Работнички Скопје делуваа сигурни во дуелите со Ускана, односно Струмица жени и запишаа нови три бода. Десеттото коло кај дамите ќе биде комплетирано в вторник кога шампионот Јанта Волеј КВ го пречекува Пелистер Волеј.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 10. КОЛО
ВАРДАР ЕМ – УСКАНА 3:0 (25:10, 25:11, 25:10)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0:3 (24:26, 19:25, 23:25)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 2:3 (25:21, 22:25, 25:20, 9:25, 10:15)
СТРУМИЦА ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0:3 (12:25, 11:25, 13:25)
27.01.2026
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 17:00ч.

