Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев, кој е на списокот на квалитетните судии на УЕФА, в четврток повторно ќе суди меч од УЕФА Лигата на Европа. Тој е одреден за главен судија на реванш мечот меѓу Анортозис и Рапид од Виена.
Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Средбата се игра во Ларнака.