Македонскиот нордиец Ставре Јада утрово стартуваше во квалификациите во машкиот спринт на 1,5 километар на Зимските олимписки игри во Пекинг и на крајот го освои 86. место.
Јада оствари време од 3:29.13 минути, што практично беше заостанување од 44,1 секунда зад најдобриот во квалификацискиот дел, Лукас Шанава од Франција.
Ставре беше првиот македонски олимпиец кој имаше настап на ЗОИ во Пекинг. Тој во завршницата на Олимпијадата ќе настапи ни на 50 километарската трка каде и најави остварување најдобар резултат.