Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ставре Јада заврши 56-ти. на маратонската крос-кантри трка на ЗОИ во Пекинг
    Домашен микс

    Ставре Јада заврши 56-ти. на маратонската крос-кантри трка на ЗОИ во Пекинг

    risteBy riste19/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот нордискиот скијач Ставре Јада стана првиот натпреварувач од нашата земја кој успеал да заврши еден маратон на Олимписки игри. Иако поради ниските температури и ветрот организаторот ја скратија трката од 50 на 30 километри, Ставре Јада ќе биде запишан како прв кој финиширал толку долго скијање.

    Јада заврши на 56. место, со задоцнување од 14 минути и девет секунди зад првопласираниот Александар Болшунов со време од 1:25:41.8. Среброто му припадна на Иван Јакимушкин од Русија, додека Хегстад Симен Кругер од Новрешка беше бронзен.

    Ставре Јада не се откажа на патеката во Пекинг и мина низ целта меѓу последните натпреварувачи. Македонскиот скијач имаше за цел да ја заврши трката и покрај заостанувањето од 14 минути, сепак тоа беше солиден настап за него. Претходно Ставре Јада се натпреваруваше и на крос-кантри трката на 1.500 метри во која не ги мина квалификациите. Во вториот настап на зимските Олимписки Игри, Јада може да биде задоволен од денешниот барем со денешниот настап на маратонската крос-кантри трка, иако зад него завршија само тројца.

    Со овој настап завршија настапите на македонската олимписка делегација, откако претходно се натпреваруваше и Ана Цветановска на крос-кантри трката на десет километри. За разлика од нив, на овие Олимписки игри не можеше да настапи Дардан Дехари, кој заработи повреда на коленото на еден од тренинзите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    КФСМ ја одреди казната за Смилковски

    24/03/2023

    Димевски избран во Координативната комисија за Европски игри Краков 2023

    22/03/2023

    Поп Арсова со нов национален рекорд победи на полумаратон во Грција

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.