Македонскиот судија Александар Ставрев оваа недела повторно ќе има меѓународен ангажман. Еден од најдобрите македонски судии доби задача да ја дели правдата на мечот од плеј-офот во Лигат ана Европа кој ќе се одигра во Баку меѓу Карабах и Шериф Тираспол од Молдавија.
Натпреварот меѓу Карабах и Шериф се игра во четврток и ќе биде клучен за пласманот во групната фаза од ЛЕ за овие два тима. Ставрев веќе подолг период е активен на европската сцена, па и во продолжение на европската сезона сигурно ќе биде делегиран за некои од натпреварите во групната фаза во ЛЕ.