Стефан Ел Шарави е се поблиску до враќање во европскиот фудбал. Четири екипи сакаат да го имаат во овој играч во својот состав.
Тоа се ПСЖ, Атлетико Мадрид, Рома и Арсенал, кои ќе влезат во трансфер битка за неговиот потпис, пренесува „Скај Италија“.
Во моментов Ел Шарави е во сопственост на Шангај Шенхуа, но кинескиот клуб е подготвен да го позајми барем до крајот на 2020 година, и не е чудо и до следното лето. Во оваа фаза се верува дека фаворит за потписот на „Малиот фараон“ е неговиот поранешен клуб Рома.
27-годишниот играч настапуваше за Рома до пред една година, кога беше продаден во Шангај Шенхуа за 16 милиони евра. Сега неговата желба е да се врати на „Олимпико“.

