Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во ерменскиот фудбалски шампионат.
Негова нова екипа ќе биде Пјуник, каде веќе настапува Марјан Радески. Играчот за врска ќе стави потпис на едногодишен договор за соработка.
32-годишниот фудбалер има богата кариера надвор од Македонија. Негов последен тим беше МТК Будимпешта, а претходно настапуваше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив и Ференцварош.
Од македонските клубови, Спировски ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар и Работнички. Спировски и Радески со својот клуб Пјуник во новата сезона ќе имаат можност да се докажуваат во УЕФА Конференциската лига.