Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во Украина. Негов нов клуб е екипата на Мариупол.
Откако го заврши својот краток престој на Кипар, 31-годишниот фудбалер се сели во украинскиот фудбалски шампионат. Тековната сезона ќе ја помине во редовите на прволигашот Мариупол кој се очекува да се бори за опстанок во елитната лига на Украина.
Спировски има богатата интернационална кариера, потекнува пд фудбалската школа на Пелистер, а настапуваше за Борац Чачак, а потоа продолжи во Берое, Вардар, Ференцварош, Хапоел Тел Авив и АЕК Ларнака.
Стефан Спировски е редовен репрезентацивец на Македонија, има одиграно 21 натпревар и бече член на историската генерација која настапи на Европското првенство 2020.