Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе конечно без проблеми заврши трката од ТЦР италијанскиот шампионат и забележа одличен успех на денешната втора трка на патеката во Мисано.
Најдобар автомоболист во нашата земја иако не можеше да смета на најдоброто од својот автомобил, поради вчерашниот судир по кој излета од патеката, сепак успеа да вози добро и да се пласира на осмата позиција со тоа што заотсануваше девет секунди зад победникот Бури од Финска.

На подиумот имаше место уште за Балдан од Италија и Јанг од Велика Британија. Игор Стефановски – Иџе и вчера имаше судир и не ја заврши првата трка во Мисано, исто како на втората трка на патеката Имола пред еден месец.

