Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, не успеа да ја заврши втората трка на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија.
Нашиот Иџе стартуваше од шестата позиција на втората трка, а веднаш на стартот имаше едно мало излетување што го однесе дури на 14-та позиција, сепак Стефановски возеше добри и дојде до 8-то место и во моментите кога можеше да нападне за подобра позиција излета од патеката и не можеше да продолжи. Првата трка Стефановски ја финишира на шестата позиција, така што ќе остане само со тие бодови.
Сега следи едномесечна пауза во ТЦР-шампионатот во Италија, а следната трка на програмата е од 23 до 25 јули и ќе се вози на патеката „Имола“. Стефановски досега возеше на три патеки во ТЦР Италија и на сите три успеа да освои бодови.

