Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC).
Првата од 11-те сезонски трки ќе биде на патеката „Сан Жар Ду Гард“. Стефановски и годинава ќе се трка со Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1.
„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка“ – вели Иџе кој ја има поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија.

