Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски- Иџе, во денешното гостување на Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека добивањето на дозвола да го користи новото возило од марката – „Ферари“, претставува потврда за успешната долгогодишна и плодна работа која редовно носи трофеи.
„Ретки се возачите што добиваат одобрение од Ферари да користат нивно возило, посебно за натпреварување. Затоа ќе имаме обврска да ја оправдаме довербата и да се претставиме во најдобро светло во наредниот шампион“ – вели Иџе.
„Плановите и амбициите се секогаш исти. Сакаме со мојот тим да продолжиме со успешни резултати иако конкуренцијата ќе биде многу силна“ –беа дел од зборовите на Сефановски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.
Комплетниот разговор можете да го слушнете на следниов ЛИНК

