Иво Стефков, член на клубот МК Мотори, со само 15-години е максимално активен во мото-натпреварувањето како во нашава земја така и надвор од неа. Што го натера да влезе во мото-спортот, кој му се досегашните успеси и што планира за во иднина, Иво проговори во денешното гостување на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
„На иницијатива на мојот татко започнав да возам мотор. Прво користев мотори со помала кубикажа за подоцна да влезам и во системот на натпревари. Активен сум 5 години на патеките и имам повеќе успеси“ – вели Стефков.
„Се натпреварувам и надвор од Македонија во балканската иевропската конкуренција. Сега купив нов мотор и се надевам дека ќе имам уште подобри резултати. За жал, од финански причини не успеав да се појавам на светскиот шампионат“ – потенцираше Стефков во денешното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ.