Холандскиот голман во екипата на Евертон Маартен Стекеленбург го продолжи договорот со „карамелите” од Ливерпул за уште една сезона и ќе остане во „Гудисон парк“ до 2020 година.
Голманот, кој ќе има 36 години во септември, игра во Евертон од 2016 година, а пред тоа ги бранеше боите на неговиот роден клуб Ајакс, Рома, Фулам, Монако и Саутемптон.
Стекеленбург има 58 натпревари за холандскиот национален тим. Ветеранот се очекува да ја добие улогата на резервен голман во Евертон и да му биде алтернатива на репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд.