Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, веројатно ќе го напушти тимот откако „граѓаните“ успеаја да го ангажираат Ерлинг Халанд, кој дефинитивно ќе ја има главната улога во фазата на нападот.
Бидејќи Стерлинг има договор до наредното лето, Сити нема намера да дозволи да замине како слободен афудбалер и затоа е подготвен да го продаде за околу 50 милиони евра.
Првите информации велат дека за потписот на брзоногиот играч е заинтересиран составот на Челзи.

