Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, нема да игра на натпреварот против Вест Хем во рамките на 26. коло во Премиер лигата.
Англискиот репрезентативец се повреди на мечот со Тотенхем во изминатиот викенд кога неговиот тим загуби со 2:0. Иако првичните лекарски прогнози најавија дека Стерлинг може да го пропушти првото полу-финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид закажано на 26 февруари, тоа најверојатно нема да се случи.
Средбата меѓу Манчестер Сити и Вест Хем ќе биде одиграна утре на теренот на „граѓаните“.

