Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, потенцира дека неговиот тим непотребно ја искомпликувал работата на вчерашното гостување кај Шалке во првиот елиминациски меч во Лигата на фудбалските шампиони. Англичаните славеа со преврт 3:2 иако по првиот дел домаќинот имаше водство од 2:1.
„Од време на време ние самите си ги компликуваме животите. Задоволен сим бидејќи сите делувавме како еден и кога бевме со играч помалку на теренот“ – изјави голгетерот на „граѓаните“.
„Мислам дека одигравме според планот и дека заслужено остваривме голема победа“ – потенцираше Стерлинг кој со постигнатиот гол во последната минута донесе голема победа за неговиот тим на стадионот во Гелзенкирхен.