Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Англија, Рахим Стeрлинг, кој донесе победа за „трите лава“ на мечот со Хрватска, потенцира дека медитира за да „остане поврзан“ со неговото тело и неговиот ум.
„Малку медитирам. Се обидувам да го сторам тоа пред да заспијам. Се опуштам и одвојувам време за тоа. Се обидувам да се поврзам. Малкумина од нас се поврзуваат со нашите тела и мозокот“ – вели Стeрлинг.
Англија в петок во второто коло во групната фаза на Европското првенство ќе го одигра соседското дерби против селекцијата на Шкотска.

