Новиот тренер на Ал Итифак, Стивен Џерард сака да го ангажира бразилскиот играч од средниот ред на Астон Вила, Филипе Кутињо во неговиот тим .
Според новинарот Бен Џејкобс, една од приоритетните цели на 43-годишниот Англичанец на трансфер пазарот веднаш станал Кутињо, кој на Џерард му е познат од соработката во Астон Вила и играњето во Ливерпул.
Филипе Кутињо се приклучи на Астон Вила од Барселона во 2022 година за 20 милиони евра, а каталонскиот клуб добива 50% од неговиот следен трансфер.
Во сезоната 2022/2023, Кутињо одигра 20 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи еден гол. Актуелниот договор на играчот од средниот ред со Астон Вила е до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра.