Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард сепак нема да ја прифати понудата и да се приклучи на клупската фудбалска револуција во Саудиска Арабија.
Поранешниот менаџер на Астон Вила, кој беше отпуштен од оваа екипа во октомври, доби понуда од Ал-Етифак и дури отпатува во земјата за лично да се сретне со сопствениците на клубот. Откако се појавија неговите слики од аеродром, се појавија информации дека тој сигурно ќе потпише со Ал-Етифак. Сепак, тие се покажаа лажни.
„Таму бев поканет да погледнам потенцијална понуда, што и го направив. Ја анализирав понудата во последните неколку дена, но во моментов немам намера да ја прифатам“, прокоментира Џерард кој го следеше вчерашниот натпревар меѓу Англија и Македонија во Манчестер.