Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард се договори со Глазгов Ренџерс и ќе биде менаџер на шкотскиот гигант во наредните три години, тврди „Скај Спортс”.
Двете страни се договориле за соработката доцна синоќа во Лондон, откако поранешниот играч на Ливерпул се врати од Рим. Гери МекАлистер ќе биде асистент на Стиви Џ на „Иброкс“ стадионот.
Според „Скај Спортс” Ренџерс ќе ја објави официјално веста во текот на денот, а Џерард ќе почне со работа во новиот клуб од 1 јуни.
Тоа значи дека навивачите на Ливерпул ќе го следат со уште поголем интерес овој клуб во битката за подобар пласман во шкотското првенство во следната сезона, бидејќи Брендон Роџерс и Стивен Џерард ќе бидат еден против друг во следните големи дерби средби меѓу Селтик и Ренџерс.