Бугарската легенда, Христо Стоичков, ја искоментира одлуката на Андрес Иниеста да си замине од Барселона. Шпанскиот маестро ќе заигра во Кина од наредната сезона.
„Осмицата е број кој нема крај. Сите други броеви имаат но, таа нема и затоа е вечна како Иниеста“ вели Стоичков алудирајќи дека бројот осум е симбол на бесконечноста. Тој потенцирал дека Иниеста не успеа да ја освои – „Златната топка“ но, ако „Франс фудбал“ реши да му врачи вонредна награда, тој веднаш ќе гласа за него.
Стоичков во интервјуто ги издвоил и фаворите за претстојниот Мундијал во Русија. Според него главни претенденти за пехарот се : Бразил, Аргентина и Уругвај заедно со Германија, Шпанија и Франција.