Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, кој имаше блескави мигови додека го носеше дресот на шпанската Барселона, се осврна на највеното враќање на Бразилецот, Нејмар на „Камп Ноу“.
Некогашниот играч на Каталонците вели дека Нејмар не и треба на Барса и дека неговото враќање ќе предизвика турбуленции во соблекувалната.
Ќе потсетиме дека Нејмар во 2017 година направи рекорден трансфер од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра, но, како што стохјат сега работите, лесно може да се случио репрезентативецот на „кариоките“ да се врати во шпанскито дел на Пиринеите.