Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, вели дека играчите ќе ја остават на страна најавата на Сергеј Самсоненко дека на крајот на сезоната ќе прекине да го финансира тимот и дека ќе се насочат само кон средбите со Унгарците.
„Натпреварот со ПИК Сегед е најзначаен за нас во сезонава . Тоа можеби ќе биде последен натпревар на овој Вардар што го знаеме по најавите на Сергеј, но, тоа кај нас е ставено на „стенд-бај“. Тие се фаворити а ние ќе дадеме се од себе“ -изјави Стоилов.
Вардарци в четврток од 20.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе го пречекаат тимот на Пиг Сегед. Реваншот на теренот на Унгарците ќе биде на 5 мај.